Богатиот овчар од Франција кој бил оженет со прекрасна девојка, агент за продажба на недвижнини, пред самата своја смрт ја исфрлил од тестаментот.
Неугледниот 68 годишен Марсел Амфу и неговата 26 години помлада сопруга Сандрин Девијар која по потекло од Париз, со години беа центар на внимание во медиумите.
На мештаните не им било јасно како Амфу успеал да ја ожени оваа Парижанка, нити пак како таа прифатила да живее во куќа во која нема нити струја нити вода. По се изгледа жената била подготвена да го трпи грдиот и стар Марсело во куќата без струја и вода само затоа што тој бил многу богат човек.
Тој во своја сопственост имал пет бараки и тоа во близина на ски центар на Алпите. Како што пренесува Дејли Мејл, нивната вредности би изнесувала стотина илјади евра а агентката на недвижности тоа добро го знаела. Земјиштето во оваа област е исклучително скапо, а се проценува дека еден квадратен метар чини 3.500 евра.
Нивната свадба беше спектакл и го привлече вниманието на медиумите од целата земја. Сите се посомневаа во љубовта помеѓу згодната русокоса и стариот овчар. Таа сепак се обиде сето тоа да го негира и да ја докажува својата љубов преку снимање песни и поставување видеа во кои зборува за своите емоции кон Марсел.Според француските медиуми, двојката се запознала кога Девијар дошла кај Амфу да купи дел од неговата земја. Тој ја одбил, но многу брзо потоа почнале да се забавуваат.
По ненадејната смрт на МАрсел Амфу, русокоса вдовица веднаш ги избрка станарите надвор од имотот, велејќи дека сето тоа и’ припаѓа нејзе. Сепак, за нејзино изненадување крајот е поинаков. Се покажа дека нејзиниот сакан сопруг не и оставил ниту едно евро.
Амфу ја исфрлил од својот дестпамент непосредно пред да загине во сообраќајка. Автомобилот во кој удрил Амфу, го возела пријателка на неговата сопруга.
Овчарот дел од парите им ги поделил на соселаните а дел на непозната личност.