Бабамовски: Ал Каеда има активни кампови во Македонија


Последниве неколку месеци Скопје наликува на Казабланка пред Втората светска војна. Дали ова значи дека се насетува потенцијална турбуленција во регионот или во прашање е подобната „клима“ за работа на многубројните разузнавачи од сите земји, ќе покаже времето. Ова за црногорскиот дневен весник ДАН го тврди поранешниот разузнувач, а сега редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје Иван Бабамовски, пренесува МКД.МК.

babamovski-300x168Професорот Бабамовски зборува дека во Македонија сè уште има активни кампови на Ал каеда, кои се користат за воена обука за доброволци од албанските средини во регионот, кои потоа стануваат дел од сириските бунтовници организирани околу движењето Јабха ел Нусраха. Целта на овие бунтовници е падот на режимот на кралот Асад и востановување исламска држава врз основа на законот на Шеријатот.

„Македонија со Сирија има пријателски односи. Сириската разузнавачка служба е силно инсталирана во Македонија, но нејзината цел не е дестабилизација на државата или предизвикување за безбедносните органи, туку за да ги штити сопствените безбедносни интереси. Во Македонија има многу такви кампови во кои се собираат, подготвуваат и од тука се праќаат доброволци кај сириските бунтовници и се создаваат екстремистички муслимански структури. Според некои сознанија, моментално во Сирија се борат околу 140 Албанци, државјани на Република Македонија, но ги има и од регионот. Еден државјанин на Македонија веќе загинал во Сирија. Тие тренираат во истите центри во Македонија што ги користеше Ал каеда за време на војната во Босна, на Косово и за време на судирите во Македонија 2000–2001 година. Тоа се камповите на Шар Планина над Тетово и по граничните делови кон Косово, над Лешница и на локалитетот Три Води. Обуката ја вршат пензионирани структури од МПРИ и Халибартон чии седишта се на Косово, во близина на Качаник, десетина километри од македонската граница. Меѓу нив има и искусни борци од фронтовите во Авганистан, Косово и од Босна“, вели Бабамовски.

Извор: МКД.МК

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1