Тотално помрачување на Месечината ќе се случи на 15 овој месец во раните утрински часови. Првото помрачување во април, тоталната лунарна еклипса, почнува во 7.20 часот (5.20 GMT), на американскиот источен брег, а ќе биде видлива од Северна и Јужна Америка, Австралија, Нов Зеланд и останатите делови на пацифичкиот регион.
Помрачувањето на Месечината се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се редат така што, сенката на нашата планета паѓа на сателит.
Токму тој момент ќе го означи почетокот на тетрадата, ретка појава на четири лунарни еклипси, од кои втората ќе се случи во октомври, а другите две наредната година. Несекојдневната појава, ќе започне во април со целосна лунарна еклипса, видлива од Северна и Јужна Америка како и Нов Зеланд и останатите делови од Пацификот.
Таканаречениот “крвав” Месец, според објаснувањето на астрономите, својата црвена боја ја добива благодарение на прекршувањето на сончевите зраци низ Земјината атмосфера.
“Тоа е истиот ефект кој го гледате кога Сонцето ќе поприми црвено-портокалова боја за време на заоѓањето, само што во овој случај сончевите зраци се пресликуваат на Месечината”
Исто така наведува дека за време на еклипсата, Марс ќе биде јасно видлив, како огнено црвена ѕвезда покрај Месечината. Црвениот Марс и црвената Месечина сигурно ќе бидат спектакуларна глетка, велат астрономите и додаваат дека е штета што поради временските разлика нема да може сите да го видат овој спектакл.
Додека астрономите нетрпеливо го чекаат овој редок случај, некои луѓе се сериозно загрижени. Имено во книгата на Џон Хаг со наслов “Четири Крвави Месечини”, авторот најавува големи промени кои ќе се случат по овој феномен, а најавува и дека оваа лунарна тетрада ќе биде исполнета со библиски пророштва.
Имено, според пророштвото од Библијата, “Пред да дојде големиот Господов ден, сонцето ќе се затемни, а месечината ќе се претвори во крв”.
Останатите три еклипси ќе се случат на 8. октомври оваа година, а потоа на 8. април и 28. септември во 2015. Астрономите велат дека помеѓу 2001. и 2100. година ќе има вкупно 8 лунарни тетради.