Чувале дома 1 милиони екс ЈУ динари – ги подариле на децата, арно ама неважечки се


Брачен пар од Туропоље приреди сурово изненадување за своето семејство. 90-годишниот Стјепан Ивичинец и неговата 85-годишна сопруга Ката, им подариле на својот син и снаа околу 1.2 милиони стари југословенски динари (кои во ЈУ времето вределе околу 93.000 марки), без да знаат дека тие пари веќе не вредат.

dinari-nevazeckiСтарите ги чувале парите во перница, за црни денови.

Кога ги слушнале младите како разговараат дека не земале плата и по неколку месеци, Стјепан ја зел перницата и ја распарал, велејќи и на својата сопруга:

„Гледаш, дојдоа црните денови за кои се плашевме и за кои штедевме. Гледаш дека е добро што ме послуша и да штедевме, наместо да ги трошиме како што ти сакаше?“

Синот и снаат гледале со неверување и без здив, а Стјепан на тоа одговорил:

„Што се чудите? Некогаш имавме и лесно се штедеше. Зарем не е доволно? Ако треба уште, ќе ги распарам и постелнините.

Не плашете се, нема да бидеме гладни. Ќе имаме и за жетвата, и за да живееме“ – биле упорни штедливите родители, без да знаат дека причината за шокот не била сумата пари, туку тоа што се неважечки.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1