Главниот извршен директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски се ожени во неделата, пренесува Вест.
Како што пишува весникот, неговата свадба била во сосема нетрадиционален стил, бидејќи младоженецот бил облечен во црн костим без вратоврска и во амбиент како во њујоршките клубови.
Двајца сведоци му биле кумот Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а старосват Љубисав Лазаревиќ. Како што пишува Република и двајцата се другари од детството на младоженецот, а на свадбата присуствувале уште и 300 гости.
Тие имаат две деца, од 2 години и од три месеци, а Ивана работи во ОНЕ.