Се појавија голи фотографии од Северина – се огласи менаџерот


Пред 14 години популарната пејачка Северина Којиќ доживеа вистински шок на естрадната сцена кога се појави нејзиното наводно приватно видео со експлицитна содржина.

Иако јавноста во најголема мера заборави на тоа видео, а популарната пејачка со текот на годините го достигна заслуженото звање на музичка дива, новите фотографии кој се појавија на интернет повторно ја шокираа јавноста.

Менаџерот на хрватската пејачка Северина Коиќ, Томислав Петровиќ, се огласи откако на интернет протекоа голите фотографии на кои наводно е пејачката, пишува „Индекс.хр“

– Сето ова се „случува“ токму откако Северина пак победи во судските постапки. Ваквите одмазди на бившиот партнер, местенки и обид за дискредитација не се ништо ново. Се поставува прашањето каде се границите на тоа и со кои уште средства ќе се послужи. Утрово се преземени сите правни работи за заштита на правата и интересите на Северина – рекол за „Индекс.хр“ Томислав Петровиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1