Змија долга метар и половина се појавила деновиве во Пелагониската низина, на територијата на општина Новаци, јави битолската телевизија Тера.
Да беше лето, оваа вест за змиите во битолско ќе беше сосема нормална. Но, среде зима да се појават змии, за кои знаеме дека топлите и жешките денови се идеални за нив, е тоа е вистинско чудо, се вели во веста на Тера.
Притоа се наведува дека долгата змија се појавила онаму каде што во зима вообичаено е најстудено.
Промената на климата освен што влијае на нашето здравје и расположение на човекот, таа го поремети и животинскиот свет.