„Репортери без граници“ отвора сајт за објавување цензурирани материјали. Сајтот ќе се пушти на 27 ноември а на неа ќе бидат објавувани сите материјали, подложни на цензура во некои земји, јави радио „Дојче веле“.
На страницата „wefightcencorschip.org“ ќе бидат поставувани статии и видео записи, кои се забранети во некои земји.
– Колку повеќе цензорите се обидуваат да скријат дадена информација, толку повеќе ќе ја распространиме, изјави претставникот на „Репортери без граници“ Матиас Шпилкамп.
Поставените материјали на интернет страницата ќе бидат лесни за преземање. Шпилкамп истакна дека тоа ќе бидат материјали, кои биле прочитани и спречени за објавување поради цензура.