Се преговара за ослободување на заробените полицајци во Гошинце – се очекуваат и други инциденти?


Полицијата во моментот преговара за ослободување на четворицата македонски полицајци, заробени во полициската станица во кумановското село Гошинце. Плусинфо дознава дека големи се шансите преговорите да завршат успешно.

gosince2

Четириесетината вооружени лица, најверојатно Косовари, полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, ја освоиле околу 4 часот утринава. При упадот, тие не наишле на никаков отпор.

Групата била забележана во кумановско-липковскиот крај пред дваесеттина дена. Извор на Плусинфо тврди дека по окончувањето на заложничката криза во Гошинце можни се и други инциденти.

Plus info

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1