Се продаваат “станчиња“ од 7.000 евра


Дали е можен живот во 10 вадратни метри? Ако немате големи барања, а сакате да се вдомите за вас вистинскиот имот се таканаречени “мини станови“.

Во Франција оваа појава е многу распространета, бидејќи цената на квадрат во Франција достигнува до неверојатни 40.000 евра, но од неодамна и на Балкан се продаваат мини станови за багателни цени. Мини станови се нудат во -Белград, Нови Сад, Ниш, Јагодина…stan-mal

Во Белград на пример стан помал од 20 квадрати, па и оној кој има само 10 метри квадратни може да најдете за цена од 10.000 евра.

Во понудата во Србија на пример може да се најде мини стан во Нови Сад за вкупно 7.000 евра. За споредба толку пари ви се потребни само за учество за кредит за стан од 35 квадрати во Белград. Со ваква инвестиција можете да добиете стан од 15 квадрати кој е веднаш вселив, кој има парно, паркинг, интерфон, а исто така е новоградба. Како што е назначено во огласите во оваа гарсоњера не е потребно дополнително да се инвестира.

Во Ниш на пример за 7.000 евра може да се купи мини стан од 18 квадрати. Станува збор за населбата Пантелеј, а станот е стара градба, кој е веднаш вселив на приземје. Сопственикот на станот во огласот наведува дека се работи за куќа која се состои од две гарсониери, едната од 22 квадрати, а другата од 18 квадрати.

И во Јагодина има мини станови. Еден објавен во огласите чини 8.200 евра и е 18 квадрати. Гарсосњерата е целосно реновирана, има ходник, бања, соба и издвоена кујна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1