Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба


Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба ќе може да останат дома цело време додека трае вонредната состојба. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека се подготвува законската измена која ќе овозможи продолжување на породилното отсуство.

„За породилното отсуство дискутиравме со Фондот за здравство но се дискутираше и на Централниот штаб во Владата. Се бара законска измена за да може породилното отсуство да се продолжи бидејќи мајките во овој момент не можат да ги запишат децата во градинките. Отако ќе најдеме соодветно решение ќе соопшти на јавноста за понатамошно постапување“, рече министерот за здравство Филипче.

Вонредната состојба во рок од 30 дена претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 18 март. Претседателот Пендаровски вчера соопшти дека состојбата е се уште сложена и најави дека до истекување на рокот на веќе прогласената вонредна состојба тој уште најмалку еднаш ќе го свика Советот за безбедност пред евентуално продолжување на вонредната состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1