Се проширува полициската акција „Керозин“


Полицијата ќе ја проширува кривичната пријава и ќе се прават дополнителни контроли, по што ќе се утврдува и направената штета, во рамки на акцијата „Керозин“ во која беа приведени девет лица од Неготино осомничени за неисполнување обврски од склучени договори за јавни набавки, транспорт и испорака на нафта за греење на набавувачите, кои најчесто биле државни институции или органи на локалната самоуправа, во повеќе градови во Република Македонија.

Организираниот криминал преку фирмата „Алма комерц“ на Анѓел Пецов и „Алма шпедиција“ на неговиот син Љупчо, се вршел на два начина и тоа преку измама и со корупција, пред се на магационерите кои ја примале нафтата, но не е исклучено и ќе се проверува можната инволвираност и на други раководни лица во институциите односно градинките, училишта, болници, општински згради…

Овој метод на измама, криминалната група ја користела веќе 4 години на тој начин што добивале јавни тендери со тоа што нуделе најниска економски неиздржана цена на нафта од околу 60 денари за литар.

Имено, утврдено е дека криминалната група располага со две цистерни „близначки“, кои се разликувале само по бројот на таблиците и со нивна замена се вршела измамата.

Само за оваа година, „Алма комерц“ имала добиено 150 тендери за транспорт и испорака на нафта за греење, ќе се врши и проверка на имотот на приведените.

Против 9 лица е поднесена кривична пријава за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената овластување“, „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“ и за кривично дело „помагање“.

При извршени претреси на седум локации, од кои три во Скопје и четири во Неготино, пронајдени и одземени се четири цистерни кои се користеле за вршење на кривичното дело, една полуприколка со влекач, три патнички автомобили „масерати“, „фолсваген пасат“ и „фолсваген кади“, 14 мобилни телефони, компјутери, бројна документација за набавките, за транспортот на нафтата, патни налози, фактури, испратници, како и 26 илјади евра во правното лице „Алмак комерц“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1