Се разбудил од повеќемесечна кома откако намирисал пари


По 200 дена во кома, Кинезот Сиао Ли почнал делумно да реагира на влијанијата од околината, по што една медицинска сестра која се грижела за него се досетила на една необична идеја.

Maz pari

Медицинската сестра зела банкнота од 100 јуани (16 долари) и почнала со неа да мафта пред неговиот нос, додека медицинскиот персонал му зборувал на пациентот дека доколку ги сака парите мора да ги дофати.

Иако звучи неверојатно, трикот успеал. „Њујорк пост“ пишува дека Сиао полека ја подигнал раката и по неколку минути ја фатил банкнотата. Сиао во болницата бил хоспитализиран во 2014 година откако почувствувал силни болки во главата додека играл видео-игри во еден интернет центар. Набргу по приемот во болница паднал во кома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1