ОБНОВЕНО – по информацијата за самоубиството на младата Индијка која беше силувана и претепана од група непознати во автобус , пристигна официјална информација дека девојката која се самоубила е друга жртва на силување од пред некои месец, исто така во Индија.
По случајот со девојакта во Индија се покренаа лавина од демонстрации со кои се бараше поригорознаи казни за силувачите и поголеми женски права. Според информациите девојката се убила бидејќи полицијата вршела притисок да се откаже од тужбата и да се омажи за еден од силувачите, потврдуваат полициски извори, а и роднините на жртвата.
Во Индија силувањето речиси и да не се смета за дело. Од 17 пријавени силувања за ниту едно не било покренато истрага поради што еден полициски офицер е сменет, а друг суспендиран.