Се сечат дрвја кај МОБ, нов „барокен“ објект на повидок


Без никаква најава, викендов започнаa подготовки за изградба на нова „барокна“ зграда во паркот кај Македонската опера и балет. На терен се сечат дрвјата на една од малкуте преостанати зелени површини во Мал Ринг, додека градежните машини ги вршат подготвителните работи за претстојниот ископ, пишува Build.mk.

Новото административно здание ќе обезбеди канцелариски простор од 10.179 метри квадратни за вработените во државните институции, а како инвеститор се јавува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Објектот ќе има приземје, седум ката и поткровје.

Foto - build.mk

Foto – build.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1