Се сеќавате на домашниот сладолед од нашите мајки – еве рецепт


Се сеќавате каков сладолед правеа нашите мајки и баби ?? направен дома од едноставни состојки, без денешните вештачки прашоци. И тој сладолед имаше некој посебен вкус – сите што го јаделе во детството се уште го паметат.

sladoled_dete_1372853179_670x0Еве да ве потсетиме – обидете се направете го – освен што ќе ве потсети на детството – научете ги и вашите деца на нешто што ќе го паметат.

Еден литар млеко, 10 лажици шеќер, 20 гр путер ставете да се вари, а потоа додадете 4-5 ќесички ванилин шеќер . Сето ова додадете го во претходно изматени јајца (5 жолчки од јајце со 1 лажица шеќер и додадете 1-2 лажици брашно за да се добие убава смеса).

истурајте од смесата со млеко полека во јајцата – кутлача по кутлача за да не се згусне јајцето. и потоа вратете на шпорет малку да провари.

5 белки Разматете ги со лажиче шеќер. Кога кремот ќе се излади белките ставете ги во него. и ставете во замрзнувач.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1