Сериозна закана за здравјето: Машината за садови е полна бактерии – без ова не ја користете


Машините за миење садови се плодно тло за развој на потенцијално штетни габички затоа што тие одлично успеваат во топли и влажни услови. Затоа не е чудно што над 60% од машините за миење садови содржат потенцијално штетни габички кои можат да предизвикаат проблеми со дишните патишта и кожни инфекции.

masina za sadoviНаучниците откриваат дека топлото и влажното опкружување во овие машини се идеални за раст на габички, вклучувајќи ги Exophialu, Rhodotorulu i Candidu parapsilosis , видови кои можат да бидат штетни за луѓето.

Во студијата, објавена во списанието Medical Mycology, на овие габички се тестирани машините за миење садови од цел свет, а 62 отсто од нив ги содржеле споменатите видови. Ако се вдишат, овие габички можат да ги колонизираат белите дробови и да предизвикаат инфекции кои тешко се лечат.

Истражувачите откриле дека гумените делови на вратите и од машината за миење садови се идеално плодно тло за габички и видови, особено како што е Exophialu.

Луѓето кои земаат антибиотици, оние со послаб имунолошки систем, дијабетичари и заболени од цистична фиброза во поголема се опасност од инфекције на белите дробови и кожата предизвикана со габички.

Што да се направи за да се намали бројот на габичките во машините за миење садови?

Сода бикарбона, оцет и избелувач можат да ви помогнат да се ослободите од габичките. Еднаш месечно би требало да ги извадите сите делови на машината кои не се фиксно прицврстени, и сите нив добро да ги исперете со топла вода. Да ги избришете и да ги оставите да се исушат.

– Потоа треба да измешате половина шолјичка оцет со две шолички топла вода и со таа смеса да ја изрибате внатрешноста на машината, особено вратата.

– Потоа земете мал стаклен сад полн со оцет и ставете го на горната полица и вклучете ја машината. Кога овој процес е готов, шоличка сода бикарбона ставете на дното на машината и поворно вклучета ја во програм.

– Пред повторно користење машината за садови треба уште еднаш да ја задвижите празна, користејќи ги вообичаените таблети.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1