Се шири варичела во Виница – прогласена е епидемија, случаи има и во Скопје


Зголемен е бројот на заболени од овча сипаница (варичела) – месечно има и повеќе од 1.000 заразени во земјата, најчесто деца, а во Виница, каде што меѓу 50-ина заболени има и 40-годишници, е прогласена и епидемија од оваа заразна болест.

varicelaЗаради овие сипаници во дел од основните училишта во Скопје и во другите градови се одлага и редовната вакцинација и систематските прегледи. Лекарите предупредуваат – никако не смее да се прими која било вакцина и да има само едно дете во класот заразено со овча или со друга сипаница или има сомневање за тоа, за да не дојде до компликации за здравјето. Во минатата година имало вкупно 8.502 заболени од варичела во земјата, пишува Дневник.

Меѓу 50-ина заболени во Виница има и деца од градинка, но и 35 и 40-годишни лица!

Во скопската поликлиника во Чаир цел клас од второ одделение од основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во минатата недела не дошол на систематски преглед на кој требало да бидат и вакцинирани, зашто веќе имало деца заболени од оваа сипаница.

Вирусот се пренесува преку воздухот – со кашлање, кивање, дури и со зборување и детето кое го вдишало, ќе се разболи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1