Среќниот брак ја намалува потребата од алкохол кај мажите, но од друга страна ги стимулира жените да си потпивнуваат малку повеќе, ова се резултатите од истражувањето на група американски социолози.
Резултатите покажуваат дека жените во брак пијат повеќе отколку вдовиците, разведените или пак оние што се сами. Сосема спротивно бракот им годи на мажите, па пијат помалу од своите неоженети пријатели, и значително помалку од разведените мажи. Причината добро позната, низ годините секој обид за пиење кај мажите бил остро критикуван од жените, па тоа веројатно преминало во колективен страв.
Од друга страна мажите не се толку строги кон своите партнерки, па сега излегува дека имаат лошо влијание врз жените. Претходните истражувања покажуваа дека луѓето во брак пијат помалку од слободните, без разлика дали станува збор за мажи или жени, за разлика од сега.
Истражувањето извршено врз неколку илјади луѓе покажува дека мажите пијат повеќе алкохол од жените, и имаат поголеми шанси да станат алкохоличари. Бракот и разводот според научниците значително влијае врз испиените количини алкохол. Најголемата разлика се гледа меѓу среќно оженетите мажи и штотуку разведените, што покажува дека се „фрлиле“на пиење поради разводот. На жените пак очигледно разделбата им годела, па штотуку разведените жени испиле помалку од оние во брак. Ништо чудно сликата на еден модерен брак да биде – сопругата пред телевизор со ракија и салата, а сопругот со престилката – мие, чисти, пегла