Џулија Мерфелд ја очекува доживотен затвор бидејќи се обидела да го нарача убиството на нејзиниот сопруг, и да го наплати неговото осигурување од 400.000 долари.
Таа му понудила 50.000 долари на убиецот, велејќи дека е полесно да го убие, отколку да се разведе од својот сопруг. Во тој случај, не треба да се грижи дека семејството ќе ја осуди.
Џулија побарала убиството да не биде дома, и по можност сопругот да не страда многу.
Планот не и успеал, бидејќи платениот убиец, ја издал во полиција и ја снимил како се договара.