Најмалку 11 лица загинаа, а 16 се повредени денеска при уривање на хотел во јужниот дел на Индија. Меѓу жртвите има и гости и персонал на хотелот. Засега не се знае колкумина имало во хотелот за време на несреќата.
Се претпоставува дека уште 40 лица се наоѓаат под урнатините на хотелот, што се наоѓа во градот Секундерабад во сојузната држава Андхара-Прадеш.
Причина за несреќата се претпоставува дека е слабата конструкција на 80 години старата зграда што не одговарала на стандардите за безбедност.