Се убил за неговите родители да имаат пари да го излекуваат братот


Тинејџерот кој се убил за родителите да можат да платат операција за неговиот постар брат, стана херој во Кина, откако неговиот брат започна да оздравува

article-0-1AECC09E00000578-271_634x422Браќата Хонгују (20) и Хонгтау (18) во 2010 година, во временски интервал од неколку месеци им била дијагностицирана урнемија, симптом на откажување на бубрезите.Бидејќи немале пари да го платат лечењето на двајцата синови, таткото Чуанју и мајката Џенг го продале сиот свој имот, за да обезбедат два соодветни бубрези од кои зависи животот на нивните деца.

Потрагата за донатор на бубрег, не давала резултати па Хонгтао, гледајќи дека времето истекува, испил пестицид, се заклучил во соба каде умирал полека и со болки. Покрај неговото безживотно тело најдена била порака со следнава содржина:

„Брате, ако оздравиш, те молам јави ми, тоа ќе биде доволно“.

article-2545307-1AECC28200000578-930_634x412Двајцата браќа биле студенти, а кога летото 2010 година дознале дека се болни, родителите само што купиле нова куќа.

Тие морале да ја продадат новата куќа, а таткото ги поминал сите здравствени установа во Кина, за да најде соодветни бубрези. Соседите и професорите успеале да соберат 16.000 долари за лечење, но тоа не било доволно, па родителите морале да излезат на улица и да просат.

Хонгтао не можел да гледа како неговите родители просат, па напишал кратка порака и испил смртоносен пестицид.

„Тоа што не имате нас двајцата ве води во пропаст. Се надевам дека ќе можете да се посветите на мојот брат и да му го спасите животот. Ако преживее, а знам дека ќе преживее, сакам само да ми каже дека успеал и ќе бидам задоволен“.

Медиумите ширум земјата пишуваа за неговата доблесна одлука, па започнаа да пристигнуваат донации.

По две години потрага, на крајот на минатата година, најден е соодветен бубрег за преживеаниот брат.

На Хонгуј, кој денес има 23 години, извршена му е трансплантација на бубрези и целосно ќе оздрави.

Таткото има помешани чувства во врска со ова.

-Се прашувам како може да се радуваме, знаејќи што му се случи на моето друго дете, но можеби ќе се избориме со тоа- рече тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1