Авион боинг 777 на „Малезија ерлајнс“ се урнал над источна Украина, на 50 километри од границата со Русија.
Украинскиото министерство за внатрешни работи соопшти дека малезискиот авион кој се урна во источна Украина бил соборен од проектил. Според Антон Херашченко од министерството сите 280 патници и 15 членови на посадата загинале во несреќата. Интерфакс претходно јави дека малезиски авион се урнал во Украина во близина на границата со Русија. Авионот, кој патувал од Амстердам до Куала Лумпур бил пронајден како гори на украинска територија. Украинските власти за Интерфакс изјавиле дека авионот се урнал во близина на Шахтарск, кој се наоѓа во регионот Донецк, кој е под контрола на сепаратистите.
Локалните жители јавиле дека нашле авионски делови што би можеле да му припаѓаат на малезискиот авион. Тие рекле дека не виделе ниедно тело, јавува РИА новости.
Русија не соборила украински борбен авион кој извршувал воени операции во источна Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во ОН. „Ние не го сторивме тоа“, изјавил кусо во Њујорк, Витали Чуркин одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот. Од друга страна, руското министерство за одбрана украинските обвинувања за вмешаност на Русија во соборувањето на украинскиот борбен авион ги нарече апсурдни, пренесе руската новинска агенција Интерфакс. „Тоа е апсурдно, токму како и сите други претходни обвинувања од страна на раководството во Киев“, изјавил портпарол на министерството.
Загинале сите 295 патници од Боингот – срушен со ракета земја- воздух – Русија демантира дека e нивна ракета