Петкатна зграда се урна денеска во центарот на Истанбул за само неколку минути, а минувачите се разбегаа во паника, јави Танјуг.
На видео снимката на инцидентот се гледа како минувачите со мобилни телефони го снимаат моментот на уривање на зградата, која се наоѓала во близина на плоштадот Таксим.
Турски медиуми јавуваат дека зградата била празна и оти се верува дека никој не е заробен во урнатините, но спасувачките тимови сепак се упатени на лице место од претпазливост.