Анџелина Џоли и Бред Пит конечно се венчале.
Оваа информација беше потврдена од портпаролот на новопечената брачна двојка. Свадбата се случила викендов во Франција. Церемонијата, наводно, се одржала во замокот Miraval, кој парот го купил пред неколку години.
Двајцата се во моментов во Малта каде заедно снимаат нов филм.
Ова ќе биде нивниот прв заеднички филм по 2005 година, кога обајцата глумеа во филмот „Господин и госпоѓа Смит “, кога тие и ја започнаа својата врска.
Холивудската златна двојка има шест деца.