Жителите на струшкто село Вевчани започнаа граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна во Македонија, за извршени најтешки облици на кривични дела.
Овој потег на вевчанци доаѓа по трагедијата која ја потресе Македонија, кога во Вевчани беа убиени две лица, а две беа повредени.
По собирањето на потписите иницијативата ќе биде доставена до надлежните институции во Република Македонија, соопшти општина Вевчани.