Се зајакнува руската војска: Воената флота се модернизира со беспилотни подморници


Ова  го изјави началникот на одделението на државни воени набавки во Русија, Анатолиј Шлемов. Според неговите зборови, на конструкцијата на беспилотните подводни подморници, Русија работи од крајот на осумдесетите години од минатиот век.

Уште од 1989 година стана јасно дека е непрактично да се извршуваат специјални задачи со помош на подморница во која се наоѓа човечка посада. Воените лица сметаат дека диверзантските и антидиверзантските задачи е подобро да се извршуваат со помош на роботски уреди. Низ тоа, беспилотните подводни уреди се во состојба да извршат цел спектар на задачи, во домен на чисто воени цели, вели воениот поморски експерт Владимир Шербаков.

Набљудувањата на морското дно различни видови на објекти, на подморници со посада, е далеку поопасно по живот, но и доста скапо истражување. Со помош на беспилотните подморници многу е полесно да се решаваат специјални задачи, можат да се загрозуваат бродови, подморници на непријателот.

Истовремено некои експерти сметаат дека за уништување на борбени бродови постои ефикасно и поефтино оружје, како што се торпеда или пак мини. А користењето на подводни објекти за идентификување на мини, мински полиња и нивно уништување е доста актуелно. Развојот на овиаа област бара значајни финансиски вложувања и високо ниво на развој на технологија. Меѓутоа без вакви уреди во иднина, ниту воената флота ниту пак граѓанските, ниту кои било други сектори, поврзани со користење на морето и океанот, нема да можат нормално да се развиваат. Ова го потврдува и тоа што Русија, но и други развиени земји активно вложуваат напори во конструирање на беспилотните подморници, нагласува Владимир Шербаков.

Овде се вбројуваат САД и Израел и неколку земји од Европа – Франција, Велика Британија, Швајцарија и Јапонија. Тешко е да може да се издвои една земја или пак една компанија, затоа што сите се специјализирани во одредени сегменти. Некои прават апарати за воена примена, некој за безбедноста на објеките, некои од нив работат на гаста и нафтата. Некои произведуваат техника за полициски служби, за борба против тероризмот.

Во Русија ваквата техника се користи за отстранување на оштетените делови на цевководите на подводните објекти, при пронаоѓање на потонати бродови. Конструкцијата на беспилотните подморници навегува во светската тенденција на роботизација на воената техника. И самите воени лица, денес, говорат за идните беспилотни борбени ловци и тенковски роботи, нагласува одговорниот уредник на рускиот весник „Независни воени преглед“, Виктор Литовкин.

Ваквото размислување е во тренд на развој на беспилотни техники, копнени, воздушни, подводни, воопшто во склоп со водење на мрежно центрична војна (Netwoek – centricwarfare). Затоа што беспилотните уреди не само што можат да набљудуваат или пак уништуваат одредени морски цели, туку се користат и за навигација, за истражувачко спасувачки акции и истражување на морското дно. Веројатно не сме во состојба ниту да замислиме какви се задачи можат да исполнат.

Вооружените сили на водечките земји во светот денес посебно внимание посветуваат на воените поморски компоненти. Имајќи го тоа во предвид експертите велат дека во иднина, војната на беспилотните подморници наменети за специјални задачи, само ќе се интензивираат.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1