Пожар избувнал утрово во импровизираната ромска населба лоцирана на просторот на поранешната автобаза на „Пелагонија“ во Кисела Вода, пренесува „Макфакс“.
По интервенцијата на противпожарната служба пожарот бил локализиран. Според сознанијата на агенцијата причина за пожарот, најверојатно, е палење на автомобилска гума или друга пластична материја која била користена за загревање.
Полицијата во неколку наврати интервенираше да ја дислоцира оваа дива населба, но обидите беа неуспешни, поради тоа што по извесно жителите повторно се враќаа.