Најмалку 14 лица се убиени, а 30 се ранети во експлозиите на аеродромот во главниот град на Белгија, Брисел, објавува руската новинска агенција Итар Тасс, повикувајќи се на локалните медиуми.
„Како резултат на експлозиите во салата за испраќање на меѓународниот аеродром во Брисел загинаа 14 лица, а околу 30 се повредени, објавува телевизискиот канал.
Засега се претпоставува дека детонирале две бомби.