Седум работи што ќе ве направат посреќни


Ако сте во потрага по среќа, а сигурно сте,  добра околност е тоа што истражувачите открија повеќе фатори, од гени па се лични карактеристики, кои влијаат на благосостојбата.

Ова се неколку фактори кои може да ги искористите.

 -Не се фокусирајте на среќата!

Самото фокусирање на среќата, парадоксално, може да ги направи луѓето несреќни. Жените кои повеќе ја ценеле среќата, а не мислеле постојано на неа, секогаш имале повеќе трпение да ја достигнат, покажала една студија. Најдобро е да имате активности во текот на денот кои навистина ве исполнуваат.

-Имајте секс!

Задоволствата во креветот се тесно поврзани со среќата во животот. Прегратките, бакнежите и телесниот допир се поттик за среќа.

-Бидете носталгични!

Друштвените, енергичните и екстровертните се генерано посреќни личности. Од нив секогаш можете да научите добар трик за среќа и да почнете да гледате на минатото со розови очила.

-Откријте го алтруистот во себе!

Луѓето кои повеќе сакаат да подаруваат, отколку да трошат пари на себе, се многу посреќни. Дури е докажано дека оние кои волонтираат од несебични причини, живеат подолго. Алтруизмот е поврзан со силните и цврсти врски и алтруистите имаат најчесто среќни бракови.

-Бидете благодарни!

Кај луѓето кои стекнале навика да си запишуваат по три убави нешта што им се случиле во текот на претходната недела, регистриран е значаен пораст на среќа. Оние кои пишувале писмо со благодарност кон некому, доживеале повисок степен на задоволство. Интересно е тоа што тие не морале да ги пратат писмата, а веќе се чувствувале подобро.

-Земете си куче или маче!

Луѓето кои имаат милениче се секогаш поблиску до среќата. За оние кои имаат кучиња се смета дека имаат висок степен на самодоверба. Истражувачите заклучиле дека миленичињата имаат голема способност да го намалат чувството на осаменост и отфрленост.

-Културно воздигнете се!

Луѓето кои уживаат во балет или некоја друга уметност, се чувстуваат посреќно и поздраво. Затоа, ако има некое културно збиднување во вашиот град, одете и видете за што станува збор. Можеби и вие ќе се расположите.

Share Button
Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1