Свежа храна во брод потонат пред 2.000 години!


Риба, вино, масло и жито се пронајдени запечатени во садови во римски брод стар 2.000 години, што дава нов увид во тогашниот римски животен стил.

Нуркачите веруваат дека потонатиот брод чува околу 200  садови зачудувачки недопрена храна. Бродскиот труп кој веројатно е најдобро зачуван до сега, е пронајден на италијанското крајбрежје. Се верува дека станува збор за товарен брод од римската ера.

Потрагата по бродот почнала по укажувањата на локален рибар дека постојано наоѓа некакви керамички делчиња во неговата рибарска мрежа. Бродот бил пронајден на длабочина на околу 200 метра.
Засега нуркачкиот тим не може да го открие името на бродот, но познат е фактот дека римските бродови биле именувани по митолошки херои, или пак концепти како хармонија, мир или пак победа. Истражувачите велат веројатно калта го заштитила бродот од распаѓање.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1