Седум трупови, меѓу кои четири на деца пронајдени на имот во Австралија


На имот во близина на градот Маргарет Ривер, на југозападот од Австралија, седум лица меѓу кои и четири деца се убиени, соопшти денеска полицијата.

Полицијата наведе дека пронајде тела на седум лица со прострелни рани, пренесува АП.

Полицискиот комесар на државата Западна Австралија Крис Досон изјави дека жртви се три возрасни лица и четири деца како и тоа дека на имотот се пронајдени и две парчиња огнено оружје.

Досон рече дека полицијата нема информации кои би можеле да предизвикаат загриженост за јавната безбедност и дека полицајците стигнале на имотот веднаш по примањето на повикот.

АП наведува дека ова би можеле да биде најлошо масовно пукање во Австралија од 1996 година кога вооружен човек уби 35 луѓе во Тасманија, поради што властите воведоа поостра контрола на продажбата на огнено оружје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1