Секој Ајфон може да се „сруши“ со испраќање на само една СМС порака!


Секој уред кој работи на iOS може да се сруши со испраќање на само една СМС порака.

Доколку Ајфонот прими СМС порака која содржи точно одредена низа арапски знаци, iOS автоматски ќе падне, мобилниот телефон спонтано ќе се вклули, а по ова корисниците нема да можат да пристапат до своите пораки, пишува Гардијан.

iphone6666
Ова може да се избегне со исклучување на нотификациите. Во случај некој да ве насамарил со овој трик, пораката која предизвикува рушење на системот може да ја избришете така што на некој од контактите ќе му испратите слика. Потоа со отварање на таа слика влегувате во Photos апликацијата, преку која во историјата на пораки, ќе ја избришите спорната порака.

Од „Епл“ потврдиле дека се свесни за тој проблем, како и дека овој недостаток ќе биде отстранет со наредната надоградба за iOS.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1