Ју Ксуканг секој ден го носи својот 12-годишен син во училиште. момчето има траен инвалидитет и не може да се движи, најблиското училиште е на малку повеќе од 7 километри оддалеченост а во реонот не постои никаков превоз. Така, таткото поминува 30-тина километри дневно, носејќи го синот на плеќи (буквално), само за да му овозможи подобри шанси во животот.
Ју има 40-години и се развел со сопругата пред 9 години. Сам се грижи за синот, а кога не го носи или враќа од училиште, работи секакви работи за да спечали некоја пара.
„Станувам секое утро во 5 часот, спремам доручек за синот да појадува, пешачам 7 километри до училиштето, а потоа се враќам овде за да работам… Знам дека мојот син е инвалид, ама затоа мозокот му е здрав… Иако има 12 години, тој е висок само 90 сантиметри. Сепак, јас сум горд што тој веќе е најдобар во класот и знам дека ќе постигне големи нешта“.
Нивната приказна допре до срцата на многумина, а стигна и до кинеската влада, која вети дека ќе им изгради куќа поблиску до училиштето, за да му го олесни товарот на овој неверојатно посветен татко.