Ли Лиангминг професор по физика во едно школо во кинескиот град Чонгингу, за да стигне побрзо на работа, прво трча еден километар од својата куќа до езерото Ханфенг, каде што се подготвува за трикилометарскиот пливачки маратон за да стигне до другата страна на брегот, каде што се наоѓа школата во која работи.
Со водоотпорната торба на себе, Ли плива по 40 минути во еден и исто толку во спротивен правец.
Голем дел на граѓаните го следат секојдневно и велат дека му се восхитуваат на храброста, а од друга страна и се вчудоневидуваат од издржливоста да плива во ладната вода.
Ли вели дека на тој начин ги излечил проблемите со дишниот систем, а стекнал и популарност меѓу своите ученици.