Секоја 15-та Македонка е фригидна – Секој 10-ти Македонец импотентен


Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е фригидна. Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот. Како за пример кај нашите соседи Бугарите импотентностса е поголема, секој петти маж е импотентен.

Еректилна дисфункција (ЕД) претставува постојана или привремена неможност на мажот да постигне или одржи доволна ерекција за задоволителен сексуален однос.

399610-sex-games

Оваа појава најчесто ја чувствуваат мажите по 40-тата година, но во последно време за жал кај многу млади луѓе е се позачестена. Болеста од икс причини често останува неизлекувана.

Во Македонија импотентноста е табу тема и најчесто мажите одбиваат да разговараат на оваа тема. проф. д-р Владо Георгиев, уролог на Клиниката за урологија и вели дека факт е дека живееме на Балканот и мажите не сакаат да си признаат дека имаат проблем со ерекцијата.

– Секоја година се зголемува бројот на пациентите кои сакаат да се лекуваат. Тие доаѓаат на Клиниката за урологија и индиректно ми кажуваат со каков проблем се соочуваат, вели д-р Георгиев. Тој нагласи дека доаѓаат пациенти од секаква возраст.

Често болеста може да биде од психичка природа, за што неопходно е консултација од психолог.

– Кај постарите лица ова може да се лекува со таблети, бидејќи современите лекови делуваат брзо, за 10 минути од земањето на таблетата тие чувствуваат моќно дејство и ги отстрануваат проблемите. Постојат и други облици на лекување, како што се вбризгување на инјекции во пенисот, вакуум пумпи, а во крајна ситуација се применува оперативен зафат со имплементација на пенилни протези. Вакви интервенции се извршуваат и во нашата земја, објаснува д-р Георгиев. Тој посочи како пример дека неодамна кај него дошол 73-годишен маж и барал да добие терапија со која ќе може секојдневно да биде сексуално способен.

Во земјава за оваа, се уште табу тема, е отворен Интернет сајт www.erekcija.com.mk,. Но, нема лек за тоа ако проблемот се наоѓа во главата, во немањето нагон и желба за секс што е непосредна последица на стресот, преоптеретеноста со грижи пред се заради финансиските тешкотии и чувтсвото на неуспех во работата, односите со партнерот или незадоволството од самиот себе.

Проблемот е заеднички, но и решението е заедничко. Со раговор помеѓу партнерите кои веќе имале успешен секс прилично брзо се излегува од оваа состојба, но разговорот мора да биде искрен, целосен и да се однесува на критичните теми, а не да се почне и заврши колку да го биде. Ако сексот им е важен на двајцата, двајцата треба и да се погрижат тој да се случи како што треба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1