Секоја десеста двојка планира развод


Дури секоја десетта двојка останува во брак само поради деца, а планира развод кога тие ќе пораснат покажува последното истражување на интернет страницата „HealBee“ , која нуди поддршка по разводот.

Според психолози финансиските, емоционалните и физичките притисоци на модерниот живот кои оставаат белег на односите и врските се одговорни за голем број на двојки кои остануваат во брак само поради децата. Резултатите од анкетата само го потврдиле и фактот дека разводите се најчести по годишниот одмот. Имено откако ќе го поминат одморот заедно глумејќи среќно семејство, при враќањето во домот тензиите ескалираат, пишува интернет порталот.

Тоа што најмногу изненадува е фактот дека голем број на родители се принудени да остануваат заедно занемарувајќи се себе поради доброто на децата, не размислувајќи како е кога децата растат во дом во кој владее непријателство и напната атмосфера. Студијата опфатила две илјади двојки и открила дека 83 проценти од нив се трудат кога се околу децата, а секоја трета двојка признала дека веќе ги информирале роднините и блиските пријатели дека не планираат во иднина да останат заедно.

Истражувањето исто така покажало дека шест од десет двојки остануваат заедно поради децата и чекаат да се разведат кога ќе наполнат 18 години, а голем дел од нив одлучуваат да причекаат се додека не се запишат на факултет.

Tags: ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1