Исповед на претходната “Малата мис”: Мајка ми ме измачуваше до мојата петнаесетта година!


Добитничката на 75 награди на изборот за “Мала мис” рекла дека никогаш нема да и прости на својата мајка што ја терала од својата четврта година да оди во солариум, да ја фарба косата и да се шминка.

Брук Бридвил (22) имала само шест месеци кога нејзината мајка ја пријавила на натпреварувањето “мала мис”. Oд својата петта година таа добива награди на тоа натпреварување. Но сега кога гледа колку мајки ги пријавуваат своите деца на ова натпреварување, таа ги замолува никогаш да не дозволат нивните деца да поминат низ  пеколот кој таа го  поминала.
Брук била една од најголемите sвезди на американското шоу “Мала мис”, но таа и покрај тој факт вели дека посакувала мајка и никогаш да не ја пријавела на тоа шоу.

“Од мојата трета година мајка ми ме форсираше да бидам совршена, а да се исполнат нејзините барања и очекувања беше невозможно” рекла Брук која смета дека ниедно дете не смее да биде приморано на четри годишна возраст да оди во солариум и да се шминка.
Брук го мрази секој момент кој го поминала во “светот на убавиците” и апелира мајките во никој случај да не ги тераат своите деца да се натпреваруваат.


“Доколку некоја мајка ме праша дали да го прави истото што мојата мајка ми ми го правеше мене би и рекла НИКАКО! Го мразев секој момент од мојот живот” рекла Брук
Кога Брук имала само шест месеци нејзината мајка ја претставила на сцена со цел на жири комисијата да им го покаже прекрасното фустанче и убавата плава коса. Според Брук тоа бил моментот кога нејзината мајка се “навлекла” на тоа натпреварување.
Брук во својата трета година веќе имала инструктор по танц и професорка по пеење.
“Мајка ми постојано ми префрлаше дека нешто не правам добро, на пример дека судиите не сум ги гледала доволно во очи”-се сеќава Брук
Брук немала детство. Додека нејзините врснички си играле таа постојано вежбала или патувала низ Америка од едно натпреварување на друго.
“Мразев шминка, фризура, лажни заби. Не можев да поднесам да одам во солариум, секогаш плачев” вели Брук.
Нејзиниот татко не ги одобрувал натпреварувањата, не учествувал ни финансиски во купувањето на облека, но за жал не можел да ја спречи својата сопруга да ја мачи неговата ќерка.
Брук се обидувала да и објасни на својата мајка дека е несреќна, но мајка и не и обрнувала внимание.


“Престанав да се натпреварувам кога почнав да пеам. Имав седум години. За прв пат го правев тоа што го сакам, а мајка ми беше задоволна бидејќи повторно бев на сцена. Повторно почнав да се натпреварувам кога имав 9 години” вели Брук.

Опсесијата на мајката на Брук од својата ќерка да направи мис на Америка траела се додека Брук не наполнила 15 години. После освоени 75 награди, автомобили, патувања и пари мајка и и дозволила да се повлече од сцената

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1