Црквена секс афера: За малце ќе беше Папа – сега мора на тест за татковство
„Се се тоа лаги“, одговара кардиналот.
Во 1969 година Тања Бреда била во интимни односи со словенечкиот кардинал, кој тогаш бил професор на Теолошкиот факултет во Љубљана.
Уште трае бурата околу поранешниот љубљански надбискуп Алојза Уран кој е на мета на Ватикан поради децата, но и поради порноканали, словенечките медиуми сега откриваат дека кардиналот Франк Род своевремено наводно имал сексуални односи со 18 годишна девојка.
Според нејзините зборови, и двајцата биле во интимни односи во летото 1969 година, а синот Питер го родила во Германија, каде се преселила и омажила во 1970 година. Питер кој во моментов живее на Блискиот исток, потврдил дека сака да направи тест за да се утврди дали кардиналот му е навистина биолошки татко. Тој дури и му успратил писмо на кое што не добил повратен одговор.
Луѓето од крајот од кај што доаѓа Тања Бреда зборуваат дека дружбата меѓу кардиналот и Бреда започнала уште пред таа да наполни 18 години, а многу често заедно оделе на прошетка во природа, или пак на заедничко бањање.
„Никогаш не му открила на Питер кој е неговиот татко, но целото време се зборуваше дека е син на кардиналот Франко. Се сеќавам дека на 20 години Питер постојано доаѓаше во Црковниот образовен центар во Целје за да праша дали некој може да му каже за неговиот биолошки татко“, говори извор близок до семејството.
Некогашниот љубљански надбискуп и довчерашен шеф на Конгрегацијата на Ватикан за верски кардинал, Франк Род, синоќа остро ги отфрли ваквите наводи и обвинувања.
„Статиите кои што се темелат на гласини и цитирања на неименувани извори се напад на моето име. Тоа се лажни и фабрикувани приказни и остро ги негирам сите обвиненија за кршење на свештеничкиот целибат и наводното татковство“, напишал Род на веб страната на Словенечката бискупска конференција.