Сексот со Руби го однесе во затвор – Берлускони осуден на седум години затвор


Италијански суд денеска го осуди поранешниот премиер на Италија, Силвиот Берлускони на седум година затвор поради аферата „Рубигејт“.

55555555555Untitled-1Во рамки на „случајот Руби“, наречен по младата Мароканка Карими ел-Маруг – Руби, 76-годишниот Берлускони беше обвинет за вмешаност во малолетничка проституција за време на „бунга-бунга“ забавите во неговата вила и за злоупотреба на службената должност при обидот за нивно прикривање.

Според одлуката на Судот, Берлускони нема да може до крајот на животот да извршува државни функции.

Поранешниот италијански премиер е обвинуван дека бил во врска со младата Мароканка додека таа се уште била малолетна, за што добивала подароци и готовина. И тој и Руби негираат дека имале сексуални односи.

Судскиот процес започна во април 2011 година, а до стапувањето во сила има уште две жалбени нивоа за пресудата – Апелацискиот и Врховниот суд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1