Сексуалниот живот заживува по 50 години брак


Американските научници утврдиле, по разговорите со 1.656 венчани Американци на возраст од 57 до 85 години, дека сосема очекувано сексуалниот живот со текот на годините во брак е се поредок, но потоа следело изненадувањето, според студијата објавено во списанието Archives of Sexual Behavior.taping sex

 

Иако повеќето двојки кои се долго во брак изјавиле дека нивниот сексуален живот постојано се топи, кај оние кои минале 50 години во брак е забележан благ пораст во сексуалниот живот, пишува The New York Times. Имено, зачестеноста на сексуалните односи кај долготрајните бракови се зголемувала.

Според резултатите од споменатото истражување, научниците утврдил е дека лицето кое е во брак 50 години има за малку помалку сексуални активности отколку, на пример, лице кое е во брак, на пример, 65 години. Истражувањето го спровеле социолозите од универзитетите во Луизијана, Флорида и Бејлор.

„Сексуалната активност не се враќа на нови од два до трипати месечно, но е на тој пат“, вели водителот на истражувањето Семјуел Струп.

Геронтологот, Карл Пилемер, пак, вели дека истражувањето не покажало дали така долгиот брак води до зголемена зачестеност на сексуалните односи или благодарејќи на сексуалните односи бракот долго трае.

Истражувањето покажало дека постаро возрасно лице кое било во брак имало 65 отсто можности за однос два до трипати месечно, по 25 години таа веројатност паднала на 40 отсто, а доколку бракот потраел до 50 години веројатноста изнесувала 35 отсто. Доколку потраел бракот подолго од ова, веројатноста се зголемила на 42 отсто.

„Со годините општествените кругови во кои се движат лицата се сé помали, знаат дека времето им е ограничено и кога ќе се свртат околу себе – кого гледаат? Едниот другиот. Интимноста им е високо меѓу приоритетите.“, вили Пилемер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1