Секта му ги зела децата, жената која ја сакал и 8 години од живот


Популарниот англиски глумец и пејач Џером Флин, на врвот на својата слава ги напуштил телевизиските рефлектори и осум години ги посвети на духовното учење на контроверзниот Ендрју Кохен

sektaИако многу луѓе се чини дека никогаш не можеле да паднат во устата на сектите, сепак во животот се покажало дека се е можно и обично таквите моменти се случуваат во моменти кога човекот е премногу ранлив.

Џером Флин се приклучил на сектата на Кохен, откако неговата долгогодишна девојка ги изгубила близнаците со кои била бремена четири месеци.

Со учењата на сектата го запознал неговиот пријател, а животот на актерот кој постојано трагал по духовно упориште се променил речиси преку ноќ.

Флин стана дел од движењето. Бил фасциниран од духовното учење кое било преработка на хинду мистицизмот и тибетските будистички обичаи на западњаците. 1996 година станал жесток приврзаник на неа и ја напушта својата кариера, по што со својата девојка Аном Џекобс се преселува во северен Лондон.

Таму водел доста интензивен духовен живот, речиси сличен на оној на еден монах. Се посветил на ширењето на учењето на Коен и патувал во земјата правејќи филмови за учењата на сектата. Имало денови кога ја проучувал медитацијата со другите членови на сектата.

Четири години подоцна Ана се разочарува и одлучува да се исели од сектата. Таа била убедена дека Флин ќе тргне со неа, но тоа не се случило уште во наредните две години. Набргу потоа ја прекинуваат врската.

Имено не сите ги делеле еднакво одушевени од култот на Коен. Постоела силна струја на критичари кои сметале дека Коен ги уништувал семејствата и финансиски ги искористувал следбениците.

Откако ја напуштил сектата, Џером се преселил во една фарма во Пемброкешри каде што изградил идиличен живот за себе, опкружен со луѓе кои ги сака. По смртта на својот татко Ерик во 2002 година се посветил на својата кариера. Но, од духовната страна на животот никогаш не се откажал. Таа е се уште важен аспект од неговиот живот, а Џером секојдневно медитира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1