Секта во Србија подготвува деца за војна – ги учи да пукаат со калашникови (Видео)


Мали девојчиња и момчиња пукаат од реплика на „Калашников“, прават склекови и спијат во пештера. Тоа се морничавите глетки од фотографиите направени во „Светолазарскиот православен младински камп“ (СПОК). Кампот во јули во Кучајските Планини го организирала т.н. Српска вистинска православна црква (СИПЦ).

sekta500Mлади деца на возраст до 17 години, под закрила на оваа секта, 10 дена живееле во војнички услови во природа, пешачеле по 10 километри и спиеле во пештера. Она што е запрепастувачко е фактот што носеле маскирани униформи и учеле да пукаат од т.н. „арисофт пушки“.

– Ова е поразително. Една верска група, која и да е, не смее на овој начин да ги злоупотребува децата. Ова не е ништо друго, туку злоупотреба на малолетници и нивните верски чувства. Тоа е кршење на моралот и тоа не е дозволено. Не смеат на таков начин да ги користат и за да создаваат верско-милитантни организации. Чудно е што локалните власти не реагирале на милитаристичкиот камп, вели верскиот аналитичар Живица Туциќ за српските медиуми.

Тој смета дека во која било европска земја ова би се сметало за верски екстремизам.

2sekta500

3sekta500На сајтот на СИПЦ е истакнато дека кампот работи на Кучајските Планини во последниве две години, како и дека е „многу важно во следните години во СПОК да се најдат поголем број тинејџери“, бидејќи ваквиот вид на едукација „им е потребна на тинејџерите“.

СИПЦ е име за незаконска и непризната православна црква, која е активна во Србија од 1995 година. Тие се православни фундаменталисти на кои основна идеологија им е антиекуменизмот, омразата на католиците, но и прекин на сите контакти со другите христијани. Сметаат и дека православната црква западнала во ерес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1