Арбен Таравари, секретар на Алијанса за Албанците, на својот профил на Фејсбук напиша дека партискиот лидер Зијадин Села се очекува да отпатува надвор од Македонија на дополнителни анализи и најверојатно ќе остане таму одреден период се до негово конечно опоравување.
Тој информира дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но сепак потребни се уште некои дополнителни анализи и мали интервенци до целосно заздравување и враќање на политичката сцена.