Во Сибир во 1978 советските геолози принашле шестчленото семејство кое рекло дека се презива Ликов.
Живееле изолирано без никаков контакт со остатокот од светот, не знаеле ни дека почнала и завршила ниту Втората светска војна.
Единствената преживеана Агафја Ликов, ќе наполни 70 години и таа и понатаму живее целосно сама. А членовите биле шокирани и за апаратите кои геолозите им ги покажале а кои се вообичаени за едно семејство денес.
Семејството на Агафја одбила да ја прифати реформата на црквата и секој иден напредок, па оттогаш тие постојано биле изложени на прогони. Токму поради тоа, тие се повлекувале во оддалечените краишта.
Семејството со себе земало само малку семе и основни препарати за домаќинство. Во тајгата тие изградиле примитивна дрвена колиба во која што се раѓале идните генерации.
Главната забава за семејството била онаа кога меѓусебно, тие си ги раскажувале своите соништа.
При првиот воспоставен контакт, научниците им понудиле леп, џем, бисквити и други намерници, меѓутоа тие сето тоа го одбиле, одговарајќи дека “тоа е забрането”. Единствениот подарок кој што го прифатиле била солта.
На прашањето дали некогаш јаделе леб, Карп одговорил дека тој јадел, но дека неговите деца никогаш не пробале.
Нивната исхрана се состоела најчесто од компири измешани со мелен ориз и семе од коноп, а во зависност од сезоната, тие користеле и диви бобинки, трева, корења и мали гранки од дрвата.
Во близина на колибата се наоѓа бистар поток, па така тие имале бистра вода за пиење во изобилство, а понекогаш фаќале и животни.
Со себе тие зеле примитивен разбој, па од конопот кој што го одгледувале си ја изработувале облеката и од кората на брезите си плетеле опинци.
Од разговорите со своите родители, децата дознале дека постојат градови, високи згради и други земји освен Русија, а мајката ги научила и како да читаат, со помош на молитвеник и Библија, односно со единствените книги кои што тие ги поседувале.