Семејството на монструмот кој ја уби Тијана добива закани по живот


Сестрата на Драган Ѓуриќ, Александра,  жали за смртта на невината Тијана, прашувајќи се што се случило во душата на најзиниот брат, што го предизвикало да изврши такво страшно злосторство, пишува „Вечерње новости“.

sestrata-aleksandra500На Александра најтешко и е тоа што мора да крие од нејзините деца што направил нивниот вујко.

– Има два сина, едниот има 4 а другиот 10 години. Пред постариот не го вклучуваме телевизорот, но еден ден ќе мораме да му објасниме што се случило. Секако пред да започне учебната година, рекла свекрвата на Александра.

Поради злосторството што го извршил нејзиниот брат, нејзиното семејство сега е изложено на константни закани кои стигнуваат дури од Словенија.

– Иако тие не се виновни за страшното злосторство и се срамат од тоа што нивниот брат го направил  мораат да живеат со таа мисла, се соочуваат и до закани кои им стигнуваат преку интеренет. Го замолив синот да го исклучи профилот на Александра на Фејбук, бидејќи во пораките им се закануваат дури со убиство и ликвидација, рекла свекрвата.

Alkesandra-Tomic-sestra-Dragana-Djurica-ubice01-copy-670x447Сестрата на ладнокрвниот монструм од срам не смее да излезе од дома, а постариот син не го пушта ни да си игра со другарите.

– Еве што доживеавме да се плашиме да излеземе од дома и од сите вести. Се уште неможам да поверувам или не сум во состојба да ја прифатам реалноста, дека мојот брат е убиец. Би сакала да можам да го погледнам во очи и да го прашам зошто…?

Дали знаеш каков терет ни остави на нас и на нашите деца. Како тие, брате мој, ќе живат со ваков терет…?, изјавила сестрата Александра.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1