Семејството на Шумахер очајно откако некој тајно го сликал во кревет и барал 1 милион евра (ФОТО)


Обвинителството во Германија покрена истрага откако на медиумите наводно им беше понудена најновата фотографија на седумкратниот шампион на Формула 1 Миахаел Шумахер.

Како што навела РТЛ, фотографиите ги понудил непознат продавач за милион евра.michaelshumi-640x331

Обвинителството во Офенбург го истражува инцидентот како наводно нарушување на приватноста на Шумахер, бидејќи фотографијата наводно е снимена и прокриумчарена од неговата куќа во Швајцарија каде што закрепнува од тешките повреди на главата здобиени на скиењето на крајот на декември 2013 година.

Семејството на Шумахер сепак не ги коментираше наводите, легендарниот возач на Формула 1 шест месеци бил во индуцирана кома, од која е разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година е пуштен на домашно лекување.

Официјалните информации за неговата здравствена состојба се ретки, а семејството во текот на минатиот викенд соопштило дека закрепнувањето ќе остане приватна работа и ја покренало иницијативата „Продолжи да се бориш“.

-Здравјето на Михаел не е јавно прашање и така ќе продолжиме да се однесуваме, без коментари. Правно и долгорочно гледано, секоја изјава поврзана за неговото здравје би влијаело на личната сфера. Свесни сме дека тоа некои можат тешко да го сфатат, но тоа го правиме според насоките на Михаел и само можеме да им заблагодариме на луѓето на разбирањето, навела менаџерката на Шумахер Сабине Кем.

-Михаел секогаш ја штитеше својата приватност, дури и во текот на најуспешните моменти во кариерата. Секогаш покажуваше дека постои јасна линија помеѓу него и јавната личност и приватното, додала таа.

Михаел Шумахер (47) е најуспешниот возач во историјата на Формула 1 со 91 победа и седум шампионски титули.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1