Сепак не сме Македонија во Шпанија – IHF ни го залепи FYRO напред (Фото)


Ракометната репрезентација на Македонија, на 23-то Светско првенство чиј домаќин е Шпанија, нема да настапува под своето уставно име.

f940e812-3810-41eb-95a4-5dad48ae14c1Иако првично на официјалната интернет страница на првенството ’handballspain2013.com’, земјата беше преставена како Македонија, со кратенката ’MKD’, сепак, во четвртокот тоа е сменето и на страницата пишува дека репрезентацијата доаѓа од FYR Macedonia.

На официјалната интернет страница нема објаснување зошто во Светската ракометна федерација (IHF) го направиле ова, но се претпоставува дека и тука, политиката, односно, Грција ги замешала прстите

Извор – Макфакс

f940e812-3810-41eb-95a4-5dad48ae14c1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1