Сосема нов вирус на грип се шири низ светот


Новиот сој на норовирусот, зимски вирус кој предизвикува повраќање, се проширил од Австралија на Франција, Нов Зеланд и Јапонија и постепено станува доминантен сој во Британија, соопштија втамошните здравствени власти. 

virus labaratorijaВаријантата на норовирусот позната како Sydney 2012 идентификувана е минатата седмица во едена научна студија, а британската Агенција за заштита на здравјето (HPA) објави дека генетското тестирање покажало дека овој сој засега предизвикува повеќе заболувања во Англија и Велс отколку другите типови на вирусот.

Вирусот Sydney 2012 нема полоши симптоми од другите, но како и другите соеви може да предизвика тешко повраќање, дијареја а понекогаш и треска, главоболка и грчеви во желудникот.

Норовирусите оваа зима се побројни отколку што се очекуваше во Велика Британија и низ Европа, како и во Јапонија и во другите делови од светот

Макфакс

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1