Серија земјотреси ноќеска го стресоа регионот.
По полноќ, два земјотреси со интензитет од околу 4,5 степени го стресоа крајбрежјето на Грција.
Утрово пак, уште еден земјотрес од 4 степени го стресе крајбрежјето на Албанија на границата со Црна Гора.
Епицентарот е регистриран на 19 километри од Улцињ.
За среќа нема материјална штета.